Висококвалитетните средства за подмачкување на “ROWE“ конечно достапни и во нашата држава

Денес, компанијата “Мотоцентар“ го презентираше новото стратешко партнерство со компанијата “ROWE. Германскиот производител на премиум моторни масла, лубриканти за авто-мото индустријата и авто козметика, склучи со “Мотоцентар“ ексклузивно партнерство за дистрибуција на продуктното портфолио во Северна Македонија. На таков начин, преку мрежата на продажно-сервисни салони “Мотоцентар“, продуктите на “ROWE“ ќе бидат поблиску и достапни до потрошувачите во државата.

“Наш приоритет е континуирано овозможување врвна понуда за нашите корисници. Покрај обемното портфолио на пневматици, нашата деловна стратегија содржи и понуда на резервни делови, средства за подмачкување и авто козметика. Во тој правец, со стратешкото партнерство со “ROWE“ го носиме препознатливиот германски квалитет и високи стандарди на чекор до љубителите на автомобилизмот во Македонија. На таков начин го збогатуваме портфолиото на “Мотоцентар“ и со широкиот асортиман производи “ROWE“ наменети за третман на возила, уште еднаш ја потврдуваме позицијата на “Мотоцентар“ како предводник на трендовите во овој авто-мото сегмент во нашата држава.“ изјави г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на “Мотоцентар“.

ROWE нуди целосен асортиман на производи за возила, 100% направени во Германија, кои се развиени и произведени по највисоки стандарди! Со нашите моторни масла и други продукти, како масла за менувач и течности за ладење, на потрошувачите им нудиме лубриканти за нивните превозни средства, со квалитет кој до сега не беше достапен на територија на Македонија“, изјави г-дин Патрик Вајланд (Patrick Weiland), Регионален Менаџер за Продажба во “ROWE“.

Патрик Вајланд очекува 2023 да биде успешна година за двата партнера, “ROWE“ и “Мотоцентар“. “Преку веќе докажаните дистрибутивни канали и продажни точки, “Мотоцентар“ ни овозможува сѐ што е потребно за позиционирање на “ROWE“ како еден од водечките брендови за лубриканти во земјата. За да ја постигнеме оваа цел, исто така, подготвени сме многу да инвестираме во развој на нашиот бренд на македонскиот пазар“, потенцираше Вајланд.

На промотивниот настанот, кој се одржа по повод склученото партнерство и презентација на производите на “ROWE“, присуствуваше и познатиот македонски натпреварувач во автомобилски трки, г-дин Игор Стефановски – Иџе. Како дел од програмата за поддршка и промоција на спортот, во рамки на активностите на македонскиот пазар, со поддршка на “Мотоцентар“, “ROWE“ и Игор Стефановски – Иџе склучија партнерство за спонзорска програма.

###

За “ROWE“

“ROWE“ е приказ на иновативните, високо-квалитетни лубриканти како производи “Направени во Германија“ уште од 1995 година. Како резултат на пасијата која ја имаат за производите, околу 300 лица вработени во “ROWE“ секојдневно демонстрираат врвни перформанси. Компанијата “ROWE“ е она што е благодарение на вработените: Нивната посветеност, нивното знаење и нивната желба да ги поместат лимитите на возможното секојдневно се основата на успехот на оваа германска компанија. Со отворањето на една од најмодерните фабрики за производство на лубриканти во Европа во 2014 година, компанијата “ROWE“ поставува нови одредници за целата индустрија. Преку користење на интерно истражување и развој, искуство стекнато преку трките со тимот ROWE RACING и најсовремените производствени технологии, “ROWE“ постигнуваат гарантиран, висок квалитет на своите производи. Бројните одобренија, публикации и ревизии од познати производители на автомобили и други индустриски компании потврдуваат дека производите на ROWE ги надминуваат дури и најсложените стандарди. ROWE нуди целосен асортиман на производи со висок вертикален опсег на производство, секогаш произведени во ревидирани одржливи процеси. Фокусот е ставен на моторните масла и зимските хемикалии за автомобилската индустрија, иако нудат и лубриканти со широк спектар на различни примени. Производите на ROWE се достапни во повеќе од 80 земји во светот денес и импресионираат повеќе луѓе секој ден со нивните извонредни својства. Со посветеност и во сегментот на општествена одговорност, ROWE поддржуваат проекти од областа на културата и општеството, со особен фокус на промовирање на спортот. Нивни најпознати партнерства се со реномираните фудбалски клубови Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Официјална веб страница: www.rowe-oil.com/en

За Мотоцентар

Компанијата “Мотоцентар“ ја започнува деловната активност во 1994 година, со основна дејност: продажба и третман на пневматици. Низ годините, “Мотоцентар“ го диверзифицираше бизнисот во повеќе правци, пред сè, со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша, со кои во периодот од речиси три децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка. Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги. Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 10 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 160 вработени.

Официјална веб страница: https://motocentar.com.mk/