Денес, во просториите на “Мотоцентар Галерија“ (Motocentar Gallery) во трговскиот центар Ист Гејт, беше презентирано новото стратешко партнерство на “Мотоцентар“ со компанијата “Нексен Пневматици“ (Nexen Tire). Со овој деловен чекор, “Мотоцентар“ станува официјален дистрибутер за Северна Македонија на пневматиците на корејскиот производител “Нексен“.
На денешната презентација, беше претставена компанијата “Нексен“, а присутните имаа можност да се запознаат со летната понуда “Нексен“ пневматици – модели со шара “N’FERA Sport“ и “N’FERA Sport SUV“.
Моделите пневматици “N’FERA Sport” и “N’FERA Sport SUV“ на “Нексен“ се европски, премиум спортски гуми кои обезбедуваат одлични перформанси на дренажа преку широките жлебови и асиметричните шари, погодни за возење со голема брзина, на влажни и на суви коловози. Со моделот “N’FERA Sport“, кој е дел од оригиналната опрема пневматици на новата верзија од втората генерација автомобили Порше Панамера (Porsche Panamera), уште еднаш се потврди високото ниво на соработка помеѓу овие светски компании.
“Водени од тоа, секогаш да овозможиме врвна понуда пневматици на нашите корисници, драго ми е што “Мотоцентар“ стана официјален дистрибутер на “Нексен“ пневматиците за Македонија. Со овој потег, ја потврдуваме нашата деловна стратегија за континуиран развој и следење, како на побарувањата на пазарот, така и на современите трендови во производство на пневматици, од аспект на безбедност и на комфорт.“, г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на “Мотоцентар“.
“Нашата деловна филозофија на мобилност е фокусирана на луѓето. Со високо ниво на квалитет и доверба, креираме нови вредности создавајќи пневматици за нови модели на автомобили од врвните светски брендови на луксузни возила. Партнерството со “Мотоцентар“, како наш официјален дистрибутер за Македонија се надоврзува токму на оваа филозофија. Во светот на брзината, имаме за цел на нашите корисници да им овозможиме секојдневна поддршка и безбедност.“, г-дин Ивица Васиќ, Регионален Менаџер за Продажба на “Нексен“ за Балканот.
За сите заинтересирани, летната понуда на “Нексен“ пневматици е достапна во рамки на продажната мрежа на “Мотоцентар“ ширум државата.
###
За “Нексен Пневматици“ (Nexen Tire)
Компанијата “Нексен Пневматици“, основана во 1942 година, е водечки светски производител на пневматици со седиште во Јужна Кореа. Со почеток на производство во 1942 година, како прва во оваа дејност, во периодот на 80-ите и 90-ите, “Нексен“ еволуира во компанија со светска технолошка умешност преку технички врски со глобалните гиганти за гуми. Оттогаш, “Нексен“ прогресивно се пробива на странските пазари како С.А.Д., Кина и Европа, проширувајќи ги своите деловни хоризонти како глобална компанија во развој. Како еден од најбрзо-растечките светски производители на гуми, “Нексен“ комуницира со приближно 150 земји ширум светот каде се достапни “Нексен“ пневматиците, произведени во четирите производствени капацитети на компанијата (2 во Кореа, една во Кина, една во Чешка). “Нексен Пневматици“ произведува гуми за патнички автомобили, теренци и лесни камиони. Нивните пневматици се дел од оригиналната опрема на познати автомобилски брендови од различни земји низ светот.
Официјална веб страница: https://www.nexentire.com/international/
Модел “N’FERA Sport“: https://www.nexentire.com/international/product/passenger/nfera-sport.php
Модел “N’FERA Sport SUV“: https://www.nexentire.com/international/product/suv/nfera-sport-suv.php
За “Мотоцентар”
Компанијата “Мотоцентар“ ја започнува деловната активност во 1994 година, со основна дејност: продажба и третман на пневматици. Низ годините, “Мотоцентар“ го диверзифицираше бизнисот во повеќе правци, пред сè, со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша, со кои во периодот од речиси три децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка. Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги. Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 10 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 160 вработени.
Официјална веб страница: https://motocentar.com.mk/