Овој најнов пневматик со високи технолошки перформанси, соодветни и за електрични возила, е веќе достапен во сервисно-продажната мрежа на “Мотоцентар“ во нашата држава

Денес, компанијата “Мотоцентар“ го претстави новото летно продуктно портфолио на познатиот производител на пневматици “Континентал(Continental). Во рамки на настанот, презентиран беше моделот “PremiumContact™ 7“, а фокус беше ставен и на долгогодишната соработка помеѓу двете компании, како и на можностите за развој на партнерството во насока на третман и опслужување на новите електрични возила со пневматици.

Со “PremiumContact™ 7”, “Континентал“ ја испорачува седмата генерација на оваа премиум гума. Успешноста на “PremiumContact™ 7“ се должи на нејзиниот развој во правец на можност за монтирање пневматици со дијаметар од 16 до 21 инч, на широка гама патнички моторни возила.

Благодарение на иновативните технологии, “Континентал“ разви гума со која постави нови стандарди за безбедност и удобно возење, истовремено подобрувајќи ги перформансите за отпорот при возење и изминатите километри. Дополнително, со примена на соединението “RedChili“, на пневматикот има оптимални перформанси, во најширок можен температурен спектар. Односно, “PremiumContact™ 7” може да развие висока стабилност, дури и при ниски температури, што е особено корисно во текот на преодните месеци, во пролет и есен.

Со производната стратегија на “Континентал“ поставуваме нови безбедносни стандарди во патниот сообраќај. Благодарение на прилагодливиот дизајн на шарата на “PremiumContact™ 7“, безбедноста, стабилноста и удобноста при возењето се уште поголеми, без разлика на временските услови. Како пазарно ориентирана компанија, “Континентал“ работи на адаптација на пневматиците наменети за широк опсег патнички моторни возила. Потврда дека ги следиме пазарните трендови во авто-мото индустријата е фактот дека во 2022 година, девет од десетте најуспешни производители на електрични возила, вклучувајќи ги “Тесла“, “Порше“ и “Мерцедес – Бенз“, се потпреа на технолошката експертиза на “Континентал“ при избор на нивната оригинална опрема.“, изјави г-ѓа Наташа Рубије (Natasha Rubije), Регионален Претставник за Продажба во “Континентал“.

““Континентал“ е наш долгогодишен и традиционален стратешки партнер. Нашата компатибилност е содржана во развојните планови и стратегии на двете компании. Во таа смисла, го препознавме пристапот на “Континентал“  уште во времето кога почна да ги оптимизира пневматиците наменети за електрични возила со цел – да се постигне поголема ефикасност и помала потрошувачка на енергија. Ова, за нас во “Мотоцентар“ беше сигнал уште поинтензивно да се фокусираме на експонирање и соодветна понуда на пневматиците на “Континентал“ за нашите клиенти и потрошувачи.“ – изјави г-ѓа Моника Бошкоска, Маркетинг Директор во “Мотоцентар“.

За сите заинтересирани, летната понуда на “Континентал“ пневматици е веќе достапна во сервисно-продажната мрежа на “Мотоцентар“ ширум државата.

###

За “Континентал“
“Континентал“ развива пионерски технологии и услуги за одржлива и поврзана мобилност на луѓето. Основана во 1871 година, технолошката компанија нуди сигурни, ефикасни, интелигентни и достапни решенија за возила, машини, сообраќај и транспорт. Во 2022 година “Континентал“ генерираше продажби од 39,4 милијарди евра и моментално вработува повеќе од 200.000 луѓе во 57 земји и пазари.

Секторот за гуми на групацијата има над 24 производствени и развојни локации низ целиот свет. “Континентал“ е еден од водечките производители на пневматици, со остварена продажба во овој сектор од 14 милијарди евра во фискалната 2022 година со повеќе од 57.000 вработени. Компанијата е рангирана меѓу технолошките лидери во производството на гуми и нуди широк асортиман на производи за патнички автомобили, комерцијални и возила за специјални намени, како и за две тркала. Преку континуирано инвестирање во истражување и развој, “Континентал“ дава значаен придонес кон мобилноста која е побезбедна, поисплатлива и еколошки поефикасна. Портфолиото на секторот за гуми на групацијата исто така опфаќа и услуги за трговија со гуми и апликации за флота, како и дигитални системи за управување со гуми.

Официјална веб страница: https://www.continental.com/
Повеќе информации за медиуми: www.continental-press.com
Медиа центар: 
www.continental.com/media-center   

За “Мотоцентар”
Компанијата “Мотоцентар“ ја започнува деловната активност во 1994 година, со основна дејност: продажба и третман на пневматици. Низ годините, “Мотоцентар“ го диверзифицираше бизнисот во повеќе правци, пред сè, со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша, со кои во периодот од речиси три децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка. Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги. Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 10 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 160 вработени.

Официјална веб страница: https://motocentar.com.mk/